1 декада – од 23 јули до 31 јули
Она што девојката родена во оваа декада го нарекува „прва љубов“ често е само нејзина прва победа над маж. Така и сите личности на овој знак сакаат да бидат неприкосновени господари. Ако на време не сфатат дека бракот е заедница каде се дели сѐ и каде ниту една страна не смее да биде господар, можни се и поголеми искушенија. Тогаш само разводот е прифатливо решение. За до тоа да не дојде, може да им помогнат личностите родени во знак Овен, Стрелец или родени во втората половина од јули.
2 декада – 31 јули до 11 август
Кога личностите родени во овој период сакаат, тие бараат и почитување и воодушевување и потврда на својата личност. Кога се чувствуваат сакани, возвраќаат со благородност, спонтано и топло. Сакаат да владеат и тогаш се случува малку побрзо да ги менуваат лицата на кои им го подаруваат своето внимание. Бракот им носи голема среќа, неочекувана судбина и слава. До сето тоа може да ги однесат личности родени во знак Овен, Лав или Стрелец.
3 декада – од 11 август до 22 август
На личностите од овој период повеќе им одговара оној партнер кој им нуди сигурност отколку некој кој е убав, угледен, забавен. Ако се разочараат во првата љубов, се повлекуваат во себе, бидејќи за нив над сѐ е важна хармонијата и довербата. Иако знаат да се прилагодат на секоја личност од другиот пол, сепак тешко им паѓаат разделби и караници. Кога е во прашање љубов или брак, тука се оние „деца на среќата“. Ниту нивниот сомнеж и љубомора нема да им ја поматат среќата која им претстои. Личностите родени во знакот Лав или Стрелец ќе се трудат тоа да им го докажат.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година