Овенот со својата сериозност ја нарушува создадената среќа

1 декада – од 21 март до 31 март

Веќе во првата младост тие се впуштаат во љубовна врска, но нивните премногу истакнати романтичарски чувства не им дозволуваат цврсто да се врзат за една личност. За брак, тие треба да запамтат дека животот не е само младалачки сон туку строга реалност, и со тоа ним им е потребно многу повеќе внимателност отколку што ја имаат. Девојката родена во овој период често се врзува за слаби личности над кои може да доминира. Иако многу лесно се прилагодува и покорува, скоро секогаш е таа онаа која избира. Личноста која нив најмногу им одговара е родена во знакот Рак, Стрелец или во втората половина на март.

 

2 декада – од 31 март до 11 април

Нивниот однос кон спротивниот пол многу често се гледа како љубомора, сомневање и многу изразено тежнеење кон надмоќ над партнерот. На љубовта никогаш не можат да гледаат доволно весело и безгрижно, туку со својата изопачена сериозност доаѓаат во ситуација да ја нарушат создадената среќа. На нив првата љубов остава бледа трага и тоа е повеќе како искуство. Лицата родени во знакот Овен, Лав или Стрелец можат да им го направат животот поубав и попријатен.

 

3 декада – од 11 април до 19 април

Великодушни, искрени, енергични и спремни да се жртвуваат, луѓето родени во оваа декада ја сфаќаат љубовта силно и идеално. Сакаат во потполност да владеат со животот на својот брачен другар, па сепак ним не им е непознато тоа дека во додворувањето како и во бракот е потребно „да се даде и земе“. Му даваат на својот партнер малку слобода, а себе сѝ си дозволуваат нивната премногу изразена еротика да ги доведе на патиштата на неодговорност. Имаат прекрасна способност да постигнат среќа како обожаван брачен другар и сакан родител.

Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година