(ФОТО) Сред бел ден горат гуми на кеј под Кале

Загадувањето на воздухот останува еден од најголемите проблеми. Главниот град секојдневно руши рекорди по загаденост на воздухот. Секојдневно сме сведоци на еколошки инциденти и загадување на воздухот и од фабриките и од несовесни граѓани.

Според фотографиите по социјалните мрежи денес е забележано како несовесни граѓани запалиле гуми, кабли и друг вид отпад на кејот на Вардар веднаш под Кале.