Брз развод на брак кај нотар, за да се олесни работата на судовите во Бугарија

Брзиот развод по францускиот модел ќе биде можен и во Бугарија ако пратениците во Бугарскиот парламент постигнат консензус за измените на Закон за семејство и Закон за граѓанска постапка, при што раскинување на бракот со меѓусебна спогодба да може се реализира и кај нотар.

„Започнавме консултации и се надевам дека можеме да дојдеме до заклучок дека таквата реформа ќе биде од корист за народот и ќе ја олесни работата на судовите“, рече адвокатот Филип Попов (БСП), кој е член на правната комисија во Бугарскиот парламентот.

Нотарскиот развод е веќе практика во голем број земји од Европската унија, при што Франција го предводи патот. Таму, овие промени се применуваат од 2017 година, како дел од реформата во правосудството во 21 век. Француското искуство покажува дека разводот со заемна согласност кај нотар може да се случи во рок од најмногу 40 дена. Адвокатите се вклучени во постапките, а доколку семејството има малолетни деца, се зема и мислењето на социјалните служби. Разводот станува факт кога документите се потпишани од нотар.

Во моментов во нашата земја, дури и со договор, сопружниците кои сакаат да го разведат бракот мора да се појават на закажаното отворено судско рочиште и да изјават во судницата дека сакаат да се разведат. Инаку, во отсуство на еден од сопружниците без оправдана причина, постапката се прекинува.

Разводот пред нотар ќе биде сличен како на склучување на договор, со една прошетка до канцеларија на нотарот ќе иницира договор меѓу сопружниците за развод на брак. И сега тоа вклучува родителски права, место на живеење на деца, имотни односи, употреба на семејно домување и одржување на брачен другар по потреба(алиментација), како и промена на презиме.