Од 1 јануари 2020 година, името Холандија (Holland) официјално престанува да постои како ознака на државата Нидерланд. Ова го објавија локалните власти, цитирани од БГНЕС.
Институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името „Нидерланд“ уште од почетокот на годината. Владата верува дека мерката ќе и овозможи на земјата да се ослободи од својот имиџ за дрога и проституција.
Властите во земјата веруваат дека со оваа одлука ќе се дистрибуира туристичкиот проток, бидејќи денес повеќето туристи ја посетуваат историски старата Холандија – Амстердам и Хаг – и овие градови не можат да се справат со огромниот прилив на посетители.
Реформата за промена на името на земјата ќе го чини кралството од буџетот 200.000 евра. Претходно, се дозна дека властите во Амстердам сакале да ја елиминираат употребата на името „Квартот на црвените фенери“. Вообичаеното име целосно ќе исчезне од градските знаци – ќе биде заменето со историското име на населбата Де Вален.
Националниот совет за туризам, од своја страна, се надева дека туристите ќе започнат со посета на нови и поприлагодени дестинации во Нидерланд.