Колку се добри диетата и постот

Ако одлучите да го замените прејадувањето со одмор со повремен пост, здрава храна и физичка активност, тоа ќе ви донесе различни здравствени придобивки – од понизок холестерол до намален стрес, покажува новата студија.

Исхраната што вклучува наизменично постење може да се практикува на дневна основа на два начина, пренесува Science Daily.

Првиот се однесува на конзумирање храна само за ограничен период од шест до осум часа, додека вториот вклучува консумирање помалку од 500 калории, два дена во неделата, се објаснува во студијата.

Повременото гладување е ефикасно бидејќи влијае на испуштање на гликозата од црниот дроб и активирање на маснотиите во телото како извор на енергија.

Ваквите облици на јадење можат да ја зголемат отпорноста на стрес и да ја подобрат регулацијата на шеќерот во крвта притоа да го намалат крвниот притисок, нивото на липидите во крвта и отчукувањата на срцето во мирување, рече проф. Матсон, додавајќи дека многу претходни студии спроведени врз луѓе и животни имаа ист резултат.

Сепак, постењето понекогаш на долги периоди со време може да биде тешко.

Според студијата одредени групи треба да избегнуваат наизменично постење, вклучително и луѓе кои не страдаат од дебелина или прекумерна тежина. Поточно, повеќето клинички студии биле спроведени кај млади со прекумерна телесна тежина и возрасни, поради што научниците се согласуваат дека треба да се спроведат дополнителни студии во други групи.

„Повременото гладување во никој случај не е добра диета за дијабетичари на лекови и / или на инсулин“.

Други прелиминарни студии на животни укажуваат на тоа дека наизменичното постење може да го одложи почетокот на Алцхајмеровата болест и да го потисне развојот на рак, но оваа студија исто така наведува дека се потребни дополнителни истражувања.