(ВИДЕО) Дедо Мраз го чистеше Охридското езеро од гуми, лименки, пластични шишињa

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, спроведоа еко-акција под водите на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб беа облечени како Дедо Мраз и го чистеа дното од каде извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња и чаши.

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на езерото.