(ВИДЕО) Имал милиони, но оставил се и побегнал на пуст остров

Некогашниот милионер, Дејвид Глашин, имал компанија која ископувала злато во Папуа Нова Гвинеја. Соработувал со најголемите светски бизнисмени, а после крахот на берзите, во 1987 година, изгубил поголем дел од богатството. Го напуштила и сопругата, а тој решил да замине на пуст остров во севро-источните води на Австралија.

„Сакам тука да умрам. Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот бев отруен со желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради нив ми се распадна бракот, објаснил Дејвид во документарец за неговиот живот.

Поранешниот милионер вели дека понекогаш му недостасува разговор со луѓето и оти сака неколку пати годишно да го посети некој пријател.