СОНЦЕ
Тоа е светло огниште на универзумот, извор на топлина, симбол на мудроста и волјата. Тоа е младоста и нејзиниот оган, срамежливост и благородност. Тоа е живот и негова создавачка моќ. Тоа е ѕвезда на принцеви, гении, шефови, владатели. Тоа е амбициозно и не дозволува никакви противења. Тоа е добротвор кој благонаклонето го набљудува светот. Доброто влијание на Сонцето дава радост, интелигенција, среќа, гордост, многу амбиции, наклонетост кон заповедање, слава и брилијантни моменти. Тоа им помага на луѓето да водат вистински живот, далеку да стигнат, но им дозволува да бидат заведени од златото, уметностите и буквите.
Родениот под ова светло е по правило со среден раст, добро граден, со жолтеникав и црвен тен. Има овално лице, ретка коса и густа брада, истакнато чело, и бистар поглед. Строг е, но не злонамерен. Лицето му е месесто, носот танок и прав, веѓите изразито извртени, фини уши, отмено држење, телото повеќе мускулесто отколу дебело. Негово омилено животно е лав, растение ловор, а боја бела.
Но има и сенки над овој знак. Понекогаш луѓето од овој знак брзаат кон ризик за да се види нивната гордост која лесно се менува во неподнослива ароганција, а нивната амбиција тежи кон луда големина. Тогаш стануваат џагорливи, модерни снобови. Бракот понекогаш им е несреќен, а се плашат дека ќе умрат од огон.