САТУРН
Таа е најзлобната помеѓу сите планети. Бледа, спора планета, ѕвезда на жалоста и проклетството, симбол на смртта и мрзеливоста, предавството и кукавичноста. Сатурн уништува како и Марс, но полека, уживајќи во болката на другите. Тоа е знак на неволја, лаги, подлости, сомнежи, ладност, тага и неврастенија. Бесчувствителен е, не трпи никаква шега на своја сметка и знае без никаков обзир да оди кон целта. Ако успее нешто да добие, настојува тоа со сите сили да го задржи. Склон е на лукавство, знае да биде осамен и тажен. Секогаш од нешто се плаши, сака да се бори против околината.
Подгрбавени рамена, тело суво и долго, мали очи, аглеста брада, вцрвенети образи, широка вилица, истакнати јаболчници, тенки усни, згрбавен нос, тежок од. Тој е залуден, скржав, завидлив, но исто така паметен, внимателен и дипломат. Сиромашен е и тоа му годи, бидејќи е саможив и бунтовен. Ужива да пати и да биде несреќен. Вообразен е, арогантен и лажго. Неговата боја е портокалова, животно камила, а растение кипарис.
Луѓето кај кои влијанието на Сатур е многу силно, изложени се на парализи, болки од проширени вени. Тие можат да бидат и добри, а склони се кон настраности. Тоа се математичари, хемичари, земјоделци. Многу музичари се под негово влијание: Бетовен, а исто така и бледо скржавиот, слаб и чудесен Паганини. Тие се жестоки картаџии и повеќе веруваат на среќа отколку на вештината на комбинирање.