По изјавата на д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург дека на ентузијазамот секогаш му доаѓа крај и дека мора да се води сметка како ќе се мотивираат тимовите за трансплантација, до нашата редакција пристигна реакција од група медицински сестри, технички и друг среден медицински персонал, кои се дел од овие тимови.

Тие се револтирани од досегашниот пристап и прашуваат зошто државата не води сметка за тимовите за трансплантација и кој свесно учествува во демотивација на овој високо обучен кадар за трансплантација – дали е тоа координаторот за трансплантација Маја Мојсова, министерот Меџити, Владата или сите заедно се одговорни за ваквата системска негрижа што воопшто не доликува на еден процес како што е трансплантацијата?
Исто така, здравствените работници додаваат дека на овој начин државата свесно ги упатува да работат како келнери во државите од регионот.