ЦВЕТНА МАГИЈА ПРЕТОЧЕНА ВО МИРИС КОЈ ОСТАНУВА ЗАПАМЕТЕН!

Булки, лотоси, рози, божури… Од самиот почеток, цвеќињата го исполнија срцето на KENZO и неговиот основач со својата убавина и мириси. Тие ги симболизираат нашите вредности: љубов кон природата, отвореност, младост, радост и оптимизам. KENZO е посветен на нивна заштита и садење! 

Flower Ikebana од Kenzo е цветен мирис за жени. Ова е нов мирис, лансиран во 2023 година. 

Flower Ikebana е инспириран од јапонската уметност на аранжман на цвеќиња, со рамнотежа која се потпира на три ноти. Flower Ikebana беше создаден од Алберто Морилас и 

Александра Моне. Горната нота е чај од хељда; средните ноти се цвет од цреша и индиска тубероза; основните ноти се австралиско сандалово дрво, ветивер и кедар. 

Заштитно лице на FLOWER BY KENZO е Масами Шарлот Лаво наречена „Цветна активистка“, Масами е олицетворение 

на цветната жена во кампања и инспирација. 

Овој француско-јапонски одгледувач на цвеќиња ја создаде Plein Air Paris, првата цветна фарма во Париз, а потоа 

и првата урбана фарма за цвеќиња во Франција. KENZO ja поддржува нејзината 

посветеност на локалното одгледување цвеќиња со почит кон годишните времиња и ритамот на природата