За многу луѓе, две работи доминираат во умот, па не е ни чудо што одат рака под рака. Храната и сексот се тесно поврзани – романтични оброци, слатки третмани. По дефиниција, афродизијак е супстанција која што ја предизвикува или стимулира желбата за секс. Многу често фирмите ги нарекуваат афродизијаци лековите кои го подобруваат сексуалниот живот, како вијаграта. Но, вијаграта не е афродизијак. За да биде афродизијак треба да создава желба за секс, а не да ја подобрува способноста за сексуален однос.
Афродизијаците се именувани по Афродита, грчката божица на љубовта и убавината и се чини дека многу од нашите вообичаени афродизијаци и здруженија на љубов потекнуваат од тоа време. Самата Афродита честопати е замислувана како излегува од школка, и затоа сè уште до денес морската храна и остригите се препознаваат како афродизијаци.
Другите типови на храна можеби стекнале репутација од нивниот изглед – морковите, аспарагусот, смоквите и лешниците бидејќи сите имаат сличност со гениталиите.
Еве неколку од најчестите афродизијаци.
Чоколадо
Школки
Аспарагус
Феферони
Лубеница
Целер
Калинка
Банана
Рукола
Мед
Авокадо
Бадеми
Смокви