Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер.
Топлотниот бран продолжува да се шири низ Европа и се очекува да бидат измерени нови рекордни температури за време ан викендот.
Според метеролошките извештаи температурата може да надмине 40 степени Целзиусови во делови на Шпанија, Франција, Германија, Хрватска, Турција, Полска и Грција,
„Жештина, тешко е, но ние ќе го надминеме тоа и не знам дали некогаш ќе се вратиме, па мора да го искористиме денот. Останете хидрирани, носете капа и правете паузи каде што можете“.американки турсит во Атина
-Денеска повторно сме тука да им дадеме вода на луѓето, а исто така да даваме летоци за високата температура овде во Грција. Ние го даваме ова – ова се упатства за секој да види што да избегнува да прави. Црвен крст на Грција
Делови од Италија би можеле да достигнат температури до 48 степени Целзиусови, што предизвикува страв од зголемување на смртните случаи поврзани со горештините. Во 15 градови низ Италија е издаден црвен метеоролошки аларм, а Владата ги советуваше граѓаните во црвените зони да избегнуваат изложување на сонце денеска во периодот од 11 до 18 часот и посебно да се грижат за старите лица или лицата со лоша здравствена состојба.