Се огласи Ана Николиќ: Поминав лични бури

Пејачката Ана Николиќ ја загрижи јавноста кога се појави нејзина снимка со ужасни рани на лицето.

Пејачката до сега немаше откриено од што настанале, но на видеото се жали дека и треба помош.

Ана Николиќ излезе во јавност по неколкудневните коментирања, поради скандалозните тврдења на Саша Мирковиќ, но и на поранешен учесник на реалити ТВ, и објавата на видеото на кое се гледа дека кожата на нејзиното лице не е во најдобра состојба.

„Неизмерно благодарам на сите кои ми испратија толку многу поддршка. Јас не сум свесна колку ме сакате. Знаете дека не сум зборлеста за мојот приватен живот, што не значи дека не сум поминала низ олуја. Разни олуии, приватни. Не прифаќам улога на жртва и кога сум всушност тоа… Јас секогаш сум бирала да бидам победник. Но човекот ќе се измор и најјаките паѓаат. Не мислам дека тоа што те убива те зајакнува. Лузните на лицето се само мал показател за сите резови на душата“ – напишала Ана,