Паника меѓу населението по најавите за напади врз нуклеарката Запорожје

Откако украинскиот претседател Зеленски рече дека руските сили поставиле експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје, руски нуклеарен функционер тврди дека Украина вечерва ќе изврши напад врз централата, пренесува „Јутарњи“.

Од регионот околу нуклеарната централа Запорожје локалното население почна да бега откако обвинувањата и од руска и од украинска страна предизвикаа паника кај Украинците, пренесува Скај Њуз, додавајќи дека Русија, сепак, направи преседан со тоа што ја минираше браната Каховка.

Според извештаите од теренот, паниката била засилена со руските тврдења на блогерите дека Украинците планирале да ја нападнат централата бидејќи кога Русите ги обвинуваат Украинците дека се подготвуваат да направат нешто, тоа може да биде знак дека тие се подготвуваат сами да го направат тоа, како во случајот со Каховка.