Илјадници Палестинци го напуштија бегалскиот камп Џенин додека Израел ја продолжува својата воена операција на Западниот Брег.
Палестинските власти соопштија дека загинале десет Палестинци, а околу 100 се ранети.
Израелската армија објави дека нејзина цел била „терористичката инфраструктура во областа Џенин“.
Палестинскиот премиер Мохамад Штаје рече дека „херојскиот логор Џенин се спротивставува на окупацијата и инвазијата“.
Израелските власти соопштија дека немаат планови за проширување на операцијата на целиот Западен Брег.
„Израелските безбедносни сили трагаат по уште десет цели во Џенин“, изјави портпаролот на армијата.
Контраадмиралот Даниел Хагари вели дека досега се приведени 120 осомничени, а се верува дека 300 вооружени милитанти се во Џенин и се уште се кријат.