Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Претежно во североисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Во вторник, а особено во среда повторно ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме.
Долготрајна стабилизација на времето не се очекува.
Температурите нема да бидат екстремно високи и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека потоа и тоа според последните анализи околу 10 јули следува поголем пад на истите, и тоа поради продор на свежа воздушна маса од север.
Температурата во Скопје во следните неколку денови ќе се искачи до околу 32 степени.