Еве колкава е платата на принцот Вилијам

Вилијам, принцот од Велс, зема годишна плата од речиси шест милиони фунти, открива неодамна објавениот годишен финансиски извештај на британското кралско семејство.

Неговиот приход (платата на принцот од Велс) е регулиран уште во 1337 година со Големата повелба на кралот Едвард трети, со која кралот ги оставил приходите од Војводството Корнвол на својот најстар син и наследник.

Од пред 700 години, титулата Принц од Велс оди со значителна финансиска привилегија, а така е и денес.

За да не испадне дека најважната титула на идниот крал се однесува на еден дел од Обединетото Кралство, Велс, и дека тој зема плата од друго војводство, договорено е титулата војвода од Корнвол да оди рака под рака со титулата наследник на тронот.

Платата произлегува од годишниот нето приход од имоти, инвестиции и од изнајмување недвижен имот во сопственост на Круната од целото војводство.

Истото правило важело и за кралот Чарлс кога бил принц.