Пожар во облакодер во Емиратите

Пожар утринава зафатил станбена зграда во Ајман, ОАЕ, а според локалните медиуми, засега нема повредени.

Според тамошните власти, пожарот веќе е ставен под контрола, но снимките кои беа објавени на социјалните мрежи покажаа дека се работи за голем пожар.

Според Би-Би-Си, истиот облакодер изгорел во 2016 година.

Многу жители среде ноќ се евакуирани во хотелите во Ајман, пишува Gulf News.