На денешната пред конференција на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад истакнаа дека “дел од решенија кои се предвидуваат во законите постојат и сега, но истите не се применуваат доследно, што е една од главните причини зошто не постои поразвиен систем за селекција на отпадот и рециклирање. До крајот на 2020 година, ние како колективи постапувачи, ќе собереме и однесеме на рециклирање над 35.000 тони отпад од пакување од вкупно околу 120.000 тони колку што се претпоставува дека се создава, и над 18 тони мали батерии од вкупно увезени 90 тони, над. 1500 тони акумулатори од вкупно 2000 тони и над 2000 тони ЕЕО од вкупно пуштени на пазарот 18000 тони”.
Пластичните кеси за пазарење во маркетите и шопинг-центрите од 2021 ќе чинат најмалку 10 денари.
Ова денеска го најави Асоцијацијата. за управување со отпад а промената ќе следува по усвојување на новиот Закон за управување со отпад.
Според исото решение, минималната црна за пластична кеса ќе биде 10 денари, а маркетите, односно малопродажбата нема да може сама да си ги плаќа, односно да ги продава по најмалку 2 денари или да ги нуди бесплатно.
Асоцијацијата достави забелешки за сите закони и очекува Министерството за животна средина и просторно планирање како предлагач да ги инкорпорира во предлогот кој ќе биде доставен до Собранието за усвојување и истите да бидат изгласани пред распуштање на Собранието, најдоцна до средината на Февруари, со вклучени забелешки од бизнис заедницата како најзасегната страна која треба да го финансира исполнувањето на националните цели за рециклирање дефинирани во овие закони.
Целта, како што велат е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси што пак влијае врз животната средна.