Во поплавите што по обилните дождови го зафатија градот Пеќ на западот на Косово, се удави петгодишно дете, а итните служби подоцна го пронајдоа телото и на неговата мајка.
Градоначалникот на општина Пеќ на Западот на Косово, Газменд Мухаџери, изјави дека е шокиран од последиците од поплавата.
- Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека имаат сила да ја надминат оваа ситуација, напиша Мухаџери на „Фејсбук“.
- „Покрај овој трагичен случај каде загинаа мајка и дете, другите работи можат да се поправат, но овие два животи не можат да се вратат, врнеше долго време и синоќа имаше количина на дожд каква што немало 50 години “, изјави Газеменд Мухаџери, градоначалник на Пеќ.
Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја набљудуваат состојбата по поплавите.