Ајк Тарнер Џуниор. (64), синот на пејачката Тина Тарнер и Ајк Тарнер, бил уапсен пред нејзината смрт. Ајк наводно бил уапсен поради поседување дрога и прикривање на доказите само неколку недели пред смртта на неговата мајка.
Полицијата во Алвин, Тексас, го уапсила 64-годишникот откако пронашла 1.7 грама крек-кокаин и 0.7 грама метамфетамин, дознава „Пипл“.
Ајк Тарнер Џуниор, кој исто така е музичар, е осуден на 18 дена затвор.
Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст на 24 мај. Тарнер возел бел „форд фјужн“ од 2013 година кога полицијата го сопрела поради помал сообраќаен прекршок.
Како што пренесува „Пипл“, полицајците ја заплениле дрогата откако виделе дека Тарнер се обидува да ја проголта, но тие успеале да му ја одземат.
Тарнер моментално се наоѓа во затворот во округот Бразорија, одредена му е кауција од 70.000 долари.