Прв лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци

Денес, во Филхармонија, ќе биде изведен првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци, Ени Јуниор, кој ја раскажува приказната за малото сираче Ени – алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.
Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Ќе бидат претставени извонредните изведби на наши солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други.

Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели – во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”, а покровител на проектот е Претседателот на Република Северна Македонија.