Компанијата „Спотифај“ неодамна го раскина договорот со Меган Маркл, па поранешната американска актерка остана без оваа платформа за снимањето на својот поткаст „Archetypes“.
Се шпекулира за причините за прекинот на соработката, а New York Post пишува дека еден од проблемите е што Меган не водела сопствени подкасти и дека повеќето од нив биле лажни. Podnews објави дека некои од интервјуата во шоуто ги воделе членови на нејзиниот персонал, а продукцијата подоцна го снимила гласот на Меган како ги поставува прашањата. Така, Меган никогаш не разговарала со многу нејзини гости.
Очигледно, проблемот е што Меган не произвела доволно содржина за да ја добие целосната исплата на договорот од 20 милиони долари. Нејзиниот тим вели дека ќе продолжи со снимање и дека подкастите ќе се емитуваат на друга платформа.