Во лисици однесен во суд возачот што покоси пет луѓе во Загреб (ВИДЕО)

Возачот на „Мерцедес“, 23-годишниот Јан Ерлих, кој предизвика тешка сообраќајка на паркингот на трговскиот центар Супернова во Бузин, со лисици на рацете е донесен во Општинскиот кривичен суд во Загреб.

Таму тој требаше да даде исказ за настанот во просториите на Општинското државно обвинителство, а потоа истражен судија да одлучува за евентуален истражен притвор.

„Жал ми е. Се чувствувам лошо за сè и не сум подготвен да изнесам одбрана“, рекол тој.

Во петокот спроти сабота, Ерлих дошол на неформален автомобилски собир на паркинот од трговскиот центар и со полна брзина покоси тројца пешаци и удри во друг автомобил во кој имаше две лица. Повредените се одведени во болница, а едно лице со тешки повреди на главата се бори за живот.