Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека вечерва се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.
Се’ уште не се знае што се случило, но во градот одекнуваат полициски сирени.
Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.
Во таа прилика било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.
Во автомобилот со македонски регистарски таблички, во кој мета бил Блерим Даци, кој користел лажни документи на име Блерим Шабани била испукана канонада од автоматско оружjе. Инцидентот се случил среде Приштина. Блерим Даци бил повратник од Сирија и се поврзува со убиството во скопското кафуле Шиша бар.