Во одлична атмосфера во својот дом, црно-белите вечерва славеа со 88-80, фаќајќи правец кон победата уште рано во мечот.
Во првото полувреме постигнаа дури 56 поени, го добија со 20 разлика, а неколку минути пред тоа имаа и максимални +22, 54-32. Ц. Звезда не можеше да шутира толку лошо и по големиот одмор, па почна да ја топи предноста.
Во последниот период влезе со -12, но некаде на половина од него се врати на 83-77 и најави можност за драматична завршница. Сепак; Партизан го одбрани водството, иако резултатот се спушти и на минус пет во последните 30 секунди.
Зак Ледеј беше предводник на победниците со одличниот шут од поле, 3/6 за тројка и 7/11 за два, на што додаде и пет скока. Кевин Пантер застана на 19 поени, а Ален Смаилагиќ со 11 беше исто така двоцифрен. Кај Ц. Звезда се истакнаа Огењн Добриќ со 17 коша и Факундо Кампацо со 15 плус 10 асистенции.
Финалната серија се игра до три победи.
Вториот меч се игра в четврток од 20 часот.