Денес, после 100 години живот, почина единствениот жив од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949) и единствениот од првиот состав на МАНУ (1967), Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски.

Академијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател беше академик Блаже Конески. Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.

Ману одржа свеченост на 100-тиот роденден на Филиповски, на 6 мај годинава.

Комеморацијата за академик Филиповски ќе се одржи утре во МАНУ во 11 часот, а погребот е во 13 часот.