Загаденоста руши рекорди – Скопје повторно меѓу најзагадените во светот

Според податоците на платформата IQAir, жителите на Скопје и денес дишат опасен воздух.

Главниот град на државата утрово во периодот околу 9:40 часот се најде на десеттата позиција на најзагадени градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 165. Во моментов на пишување на текстот, Скопје е на 11 место со индекс 165.

Воздухот во Скопје моментално е карактеризиран како нездрав бидејќи во него најприсутни се опасните честички ПМ2,5. Според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи. Концентрацијата на ПМ2,5 во Скопје моментално е 16 пати над дозволената вредност според СЗО.

Останати општини со загаден воздух и висока концентрација на опасни честички се Тетово со индекс 178, Ѓорче Петров 170, Битола 169, Велес 166, Струмица 159, додека Кавадарци и Кочани се со индекс 158.

Според платформата, Македонија заедно со Индија и Босна и Херцеговина важи за една од највалканите земји во светот.