Кристијано Роналдо се наоѓа во период од кариерата во кој треба да донесе конечна одлука за својата последна фудбалска станица, но во ситуација кога се уште нема ништо официјално за неговата преселба во Саудиска Арабија, во фокусот се најде Георгина.
Георгина Родригез преку социјалните мрежи откри дека му купила луксузен Ролс Ројс модел на Кристијано чија вредност е околу 300 илјади евра, а на видеото е прикажана и реакцијата на фудбалерот.
Од тоа што може да се види, целото семејство на Роналдо е изненадено од подарокот кој го подготвила Георгина, која на најдобар начин го израдува Португалецот пред да донесе конечна одлука за иднината.
Кристијано е голем вљубеник во брзи и луксузни автомобили и може да се пофали со многу ексклузивни модели, но од денес во неговата гаража е и Ролс Ројсот од Георгина.
View this post on Instagram