Околу 4.000 луѓе денеска на Плоштадот „Македонија“ се здружија за поставување нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.
На плоштадот имаше забавна програма на која настапуваа Бени Шаќири и Нон стоп.
Шилегов изрази благодарност до сите граѓани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Очекувани биле околу 5500 луѓе, меѓутоа се собрале околу 4000. Направени се снимки кои ги испратиле и ќе очекуваат известување дали е срушен Гинисовиот рекорд.
Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.