Топ 5 акции на Македонска берза со најголем пораст и пад на вредноста

Во билтенот од мај 2021 година, кој го објави Македонска берза може да ги споредиме акциите кои се со најголем пораст, и пад на вредноста.

Според билтенот најголем пораст имаат акциите на Тутунски комбинат Прилеп со раст од 61,29%, потоа следат акциите на Макстил Скопје со раст од 36,23%, РЖ услуги Скопје со раст од 13,46%, акцијата на Гранит Скопје забележа раст од 12,43 % и последна во топ акции со најглем пораст е акцијата на Окта Скопје со раст од 9,32%.

Акции со најголем пад за месец март се: Адинг Скопје од -15,60%, а потоа следат Скопски Пазар Скопје, Бетон Скопје, Реплек Скопје и Фершпед Скопје.