(ФОТО) Закани за бркање од училиште и во Кочани

Учениците во кочанските училишта кои се организираа денес за протест против загадувањето на воздухот со закани беа спречувани од страна на директорите во училиштата.

Во дел од училиштата со соопштение им се вршеа закани на учениците и професорите.

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Гоце Савев, во Кочани истакна соопштение со кое на учениците им се заканува дека доколку протестираат ќе бидат исклучени од училиштето, а професорите ако им се придружат ќе бидат отпуштени од работа.

Граѓаните на Кочани се револтирани од ваквиот потег на дел од директорите во училиштата, јавно и преку социјалните мржи го истакнуваат револтот за ваквите закани кон децата.

Ова е класично самоволие на дел од директорите на училиштата и постапување спротивно на законските прописи во државата.

Правото на протест е Уставно загарантирана категорија.

Исто така и според меѓународните документи и Конвенцијата за правата на детето која предвидува дека: „државите го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање“.

Затоа апелираме до надлежните органи, да го испитаат ваквото однесување на раководниот кадар од училиштата и да превземат мерки за нивно санкционирање.

(ВИДЕО) Директорка на училиште им се заканува на учениците да не протестираат против загадувањето на воздухот

 

Меѓаши: Сведоци сме на закани врз средношколците и нивното право на мирен собир