Владата да го стегне ременот и да намали со трошење за автомобили, мебел и се она што не е продуктивно. Академик Таки Фити, покрај намалување на расходите, на Владата и препорачува, за стабилизирање на финансииите, благо да зголеми некои даноците.
– Најдобар пристап за Република Северна Македонија е оној кој вели дека во основа максимално да се редуцира непродуктивната владина потрошувачка, да се оди со блага прогресивност на даноците, односно прифатлива е прогресивност кај персоналниот данок на доход, но не прогресивност кај фирмите, зголемување на даноците на имот и евентуално во иднина да се размисли за еколошки даноци, изјави академик Таки Фити.
Во време на криза, кога јавниот долг надмина 60% од БДП, и се заканува да ја загрози вкупната еконосмка активност, а расте и буџетскиот дефицит, Владата се одлучи за набавка на 45 нови автомобили. Министерот за финансии набавката ја оправда, затоа што биле земени на лизинг.
Академик Фити препорачува државата да продолжи со структурните реформи, финансиските стимули, односно субвенциите да се насочат само кај граѓаните со понизок доход.