Ќе се забрани плаќање со готовина над 10.000 евра, како дел од борбата за спречување перње на пари

Европската комисија планира да воведе горна граница за плаќање во готовина.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање во готово за износ од над 10 000 евра, соопшти комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Зидојче Цајтунг“.

– Разговараме за горна граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џеб. Повеќето луѓе не го прават тоа, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлог закони против перење пари што комисијата планира да ги претстави во јули.

Мекгинис вели дека, со поддршка на членките, сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

– Таа ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.