(ВИДЕО) Ужас во Атланта, убил осум лица во салони за масажа

Најмалку осум лица се убиени во три напади кои вчера се случија во салони за масажа во Атланта.

Првиот напад во кој четири лица се убиени, а две ранети се случил вчера попладне во салон за масажа лоциран околу 50 километри од Атланта. Набрзо во уште два напади убиени се четири лица во два салони за масажа во Атланта, соопшти локалната полиција.

Медиумите јавија, а конзулатот на Јужна Кореја потврди дека четирите жртви од вторите два напади се жени со азиско потекло.

Возилото на осомниченото лице било идентификувано, а по потрагата тој бил фатен откако полициско возило удрило во неговиот автомобил за да го запре.

Осомничен е 21 годишниот Роберт Арон Лонг, тој е уапсен на околу 240 километри јужно од Атланта.