Цела Европа пишува за дебито на Кирил Лазаров како тренер-играч, со триумфот над светскиот првак Данска во евроквалификациите.
„Сензација во Скопје, селекторот Лазаров даде четири гола“, „Киро е чудо…“, „Сензационално деби на ракометната легенда“, „Лазаров може сѐ“, „Македонскиот витез на дебито го урна светскиот првак“….
Вака изгледаат насловите во голем дел од регионалните и европски медиуми откако недопирливата Данска, двоен светски првак во низа и актуелен олимписки шампион, падна во Скопје и тоа на дебито на Лазаров како селектор, особено после ужасниот настап на македонската репрезентација само нецели два месеци на Мундијалот во Египет.