Регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19, починати се 7 лица

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 99

-Прилеп 26

-Кавадарци 19

-Куманово 17

-Струмица 15

-Неготино 9

-Тетово и Кочани по 7

-Гостивар 6

-Штип и Велес по 5

-Охрид и Гевгелија по 4

-Струга 3

-Виница 2

-Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:

-Скопје 138

-Кавадарци 33

-Неготино 19

-Велес 10

-Крива Паланка и Ресен по 8

-Штип 7

-Куманово 6

-Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5

-Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3

-Кочани, Кичево и Пробиштип по 2

-Берово и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.