Смртта на Балашевиќ го растажи регионот, а оние што го познаваа се сеќаваат на миговите поминати заедно со него секој ден. Средното училиште во кое учеше покојниот Балашевиќ објави сторија за некогашниот ученик.
Приказната за нивниот најпознат ученик Балашевиќ, како и зборовите што ги напишал во втор одделение, се појавија на профилот на Фејсбук на гимназијата „Светозар Марковиќ“ во Нови Сад.
“Ќе се родам повторно. Јас не сум од оние што умираат еднаш засекогаш”, напишал Балашевиќ на 16-годишна возраст.