Бројот на смртни случаи од загадувањето поголем од што се мислеше

Регионите со најголемо загадување на воздухот поврзани со фосилни горива, како што се Источна Европа, Југоисточна Азија и Североисточна Америка, имаат најголема стапка на смртност

Повеќе од осум и пол милиони луѓе починале во 2018 година од загадување предизвикано од согорување фосилни горива, покажува новото заедничко истражување на Универзитетот Харвард и три престижни британски универзитети, што е многу повеќе од она што е познато од претходните истражувања.

Ова значи дека загадувањето на воздухот предизвикано од согорување фосилни горива е одговорно за скоро 20 проценти од смртните случаи ширум светот, пишува порталот „Клима101“, а пренесе Н1.Студијата објавена во списанието „Истражување на животната средина“ покажа дека регионите со најголемо загадување на воздухот поврзани со фосилни горива, како што се Источна Европа, Југоисточна Азија и Североисточна Америка, имаат најголема стапка на смртност.

Оваа студија значително ги зголемува претходните проценки за бројот на луѓе што умираат од загадување на воздухот.

Големата студија за причините за смртност на глобално ниво во 2019 година проценува дека вкупниот број на смртни случаи од надворешно загадување на воздухот е околу 4,2 милиони.

Покрај согорувањето фосилни горива, оваа бројка вклучува и смртни случаи поврзани со други извори на загадување, како што се чад од шумски пожари и од запалени стрништа.

Порчитајте повеќе на 360 степени.