Владимир Неловски, членот на извршниот комистет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ лажните податоци, лажните вести ги лиферува преку скапи реклами во јавноста, за да трошат илјадници евра. Воедно потсети дека додека беа во опозиција беа против рекламирањето, а денес преку партиска сметка ги фалат лажните успеси на владата во заминување.
Фрлаат илјадници евра за да граѓаните ги трујат со измислени успеси и да се наметнат неуспесите на Заев и СДСМ како успеси. Главното прашање е: Колку чини целиот трошок за рекламирање на Заев и СДСМ кој ги исплаќаат медиумите и чии пари трошат за рекламирање, праша Неловски?
Според некои анализи на добро упатени експерти, според пазарната вредност на рекламите, Зоран Заев и СДСМ, за својата пропаганда да ги разубедат граѓаните дека не одиме во провалија, на само 5 национални телевизии, конкретно за 10 и 11 декември има потрошено по 88.000 евра дневно или за двата дена вкупно 176.000 евра.Оваа сума е според ценовникот пријавен во единствената официјална агенција која ги мери рејтинзите, рече Неловски.
Ќе нагласам дека медиумите воопшто не се виновни, туку овие прашања се до СДСМ, истакна тој.