Над 84.000 граѓани во Србија ја примиле вакцината против Ковид-19

Министерот за здравство во Србија, Златибор Лончар, изјави дека до синоќа, 84.075 граѓани на Србија се вакцинирани против коронавирусот.

Говорејќи на Радио телевизија на Србија (РТС), министерот рече дека е задоволен од одговорот на граѓаните и од начинот на кој работи системот за имунизација.

„Ќе продолжиме да вакцинираме и во наредните денови, овие бројки даваат надеж и верба дека граѓаните избраа добар начин и да ги вратат болниците во редовниот систем на работа што е можно поскоро, да има што помалку заразени лица во болниците и меѓу нас“, рече Лончар.

Тој додаде дека досега преку 400.000 граѓани аплицирале за вакцинација преку порталот за е-Влада и кол центрите.