Повеќе од 96 милиони лица во светот заразени од коронавирус, бројките постојано растат

Според веб страницата „Worldometers“  од почетокот на пандемијата со коронавирусот во светот досега се потврдени вкупно 96.009.891 случаи, а 25.330.409 од нив во моментов се водат како активни.

Фатален крај од заразата досега имале вкупно 2.049.348 луѓе, а 68.630134 заздравеле.

Најголем број на потврдени случаи има во САД со повеќе од 24,6 милиони, Индија над 10,5 милиони, Бразил повеќе од 8,5 милиони, Русија речиси 3,6 милиони и Велика Британија – повеќе од 3,4 милиони.

Во последните 24 часа само во САД имаше речиси 400.000 новозарзени лица, соопшти  Универзитетот Џон Хопкинс.