Уште еден силен земјотрес во Хрватска, 26-ти во последните три дена

Нов земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала беше почувствуван во централна Хрватска. Епицентарот бил на 39 километри јужно од Загреб, во близина на Петриња, пренесува Индекс.

Ова е 26-ти земјотрес што се почувствува во Хрватска во последните три дена, а потресот траеше околу пет секунди.

Јачината од 4,1 ја потврди и хрватската сеизмолошка служба.

Како што претходно беше најавено, во околината на Петриња се регистрирани вкупно девет земјотреси од полноќ до раните утрински часови, меѓу кои најсилниот, од 3,1 степен според Рихтеровата скала, е регистриран во 14,50 часот и е евидентиран како „умерен“, додека уште осум земјотреси со кој било помал интензитет.

Во најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска на крајот на декември загинаа седум лица, беа оштетени бројни згради и многу граѓани останаа без покрив над главата.