Вагата е машки воздушен знак на зодијакот на кој најмногу делуваат Венера и Сатурн. Многу урамнотежен карактер со голема смисла за правда. Луѓето родени во овој знак се сентиментални, нежни и чувствителни, но и склони кон многу брзо заљубување. Можат се да жртвуваат за љубов, но брзо можат да го променат објектот на жртвување и да бараат други идеали.
Кај овој знак особено се воочува големиот број на различни карактерни особини. Овие особини даваат хармоничен и сталожен карактер, постојан оптимизам и огромна желба за патување. Многу се нежни и чувствителни иако тоа не сакаат да го покажат. Секогаш сакаат да бидат самостојни и не дозволуваат никакво делување на својот претходно смислен план. Отворено ги признаваат своите порази и од тоа не се срамат, но знаат да бидат и многу таинствени како ретко кој знак. Сензибилни се но и реални, свесни за своите и туѓите вредности и токму поради тоа постојано лутаат во љубовта, бидејќи не поднесуваат залажувања.
Немаат одлучност за брзо делување, се плашат да не истрчаат премногу напред, сакаат се да направат во позадина и без многу реклама. Тоа се личности кои пред се бараат компензација за се промашено во животот и за тоа не бираат ни мерка ни начин. Имаат смисла да организираат големи работи, но при завршните акции се слаби и малодушни. Иако се многу друштвени, тие имаат мал број на пријатели; тоа првенствено е поради тоа што пријателите ги бираат по некој свој таинствен и многу суптилен клуч. Немаат голем степен на одговорност и секогаш во споредбата со друштвото ги ставаат личните интереси пред останатите. Поради тоа стануваат жртви на краткотрајни задоволства. Веднаш после тоа им е јасно дека погрешиле, но тврдоглаво прават иста таква грешка после неколку дена. Праведни и непостојани оптимисти – тоа се луѓето родени во знакот Вага.
Во семејството се неприкосновени газди. Сакаат за се да бидат консултирани и да го дадат своето мислење за секој проблем. Сепак влијанието на Венера е очигледно. Овде има најмногу срамежливост и морални настраности.
Нивните квалитети се љубезност, верност, реалност и внимателност.
Мани: мрзеливост, неодговорност и апатија.
Заболуваат од бубрези, а и од болести кои се последици на гурманството.
Цел живот мора да се борат против својата пречувствителност. На нив делува секој неуспех и тоа многу добро ќе го почувствуваат. Не треба премногу сериозно да ги сфаќаат своите промашувања кои дошле таму каде што се надевале на сигурен успех. Чувствителни се на критика, невнимание и неправда до таа мера што и безначајните инциденти ги претвараат во проблеми од најголем вид. На нивната фина и чувствителна природа, која придонесува многу пријатности во нивната околина, влијае на неразбирање од претпоставените и неколегијалност од лицата со кои работат. Тие не треба да се обидуваат да работат тешка физичка работа, бидејќи се родени за уметност, трговија или финанисии. Во желба лично да се усовршуваат, тие ја прифаќаат секоја подобра прилика која им се пружа. Се случува често при тоа да немаат никаков обзир кон луѓето со кои до вчера работеле. Тоа ги доведува до ситуација да се преместуваат од место на место и никаде да не постигнат некој значаен успех. Ако успеат себе си да се убедат дека треба да се посветат само на една работа, тогаш може да се надеваат на некои значајни потези на професионално поле. Градежништвото е област во која тие постигнуваат успеси поголеми од просечните.
Среќни броеви: шест, пет.
Поволни денови: петок, понеделник.
Омилена боја: виолетова и бледо сина.
Познати личности родени во овој знак се Ганди, Верди, Корбизије, Ламартин, Вато, Бонар, Михајло Пупин.