Општи карактеристики на Девица (23.08-22-09)

Меркур владее во овој женски земјен знак. Во тоа му помага и Сатурн.

Овој знак ги прикажува луѓето кои се многу методични, мирни и способни за сите работи каде што е потребно било какво организирање. Не поднесуваат никакви грубости и ги избегнуваат сите нагли промени или непромислени акции. Многу се дисциплинирани и внимателни во своите ставови и се придржуваат кон начелата дека само со работа можат да постигнат успех. Со недоверба гледаат на сите останати работи и храбро одат по патот кој го избрале. Ако е потребно, помагаат на другите но со резерва, бидејќи се плашат од сето она што тие сами не го испланирале или предвиделе. Прилично се вешти во работата, бидејќи располагаат со натпросечна интелигенција. Својата голема способност во изразување и делување на масата знаат да го искористат за своите цели. Тогаш често стануваат лукави  и превртливи. Иако покажуваат смисла за сите видови организации, имаат упадлив недостаток на фантазија и создавачки способности. Повеќе им одговараат чисто репродуктивни активности.

Грижлививо се подготвуваат за секоја работа, планираат се до детали, така што секогаш се сигурни во себе. Трпеливи се и доследни и тоа го сметаат за своја најважна особина. Често стануваат жртви на тие свои особини, стануваат автомати без ни малку креативни идеи. Свесни за тоа, сепак не отстапуваат од првобитно поставената задача. Како што се економични со реално срце, така се и вистински мајстори за манипулација со пари. Не трпат ниакво расипништво, а сепак на парите не им придаваат посебно значење. Не се впуштаат во ризични работи додека не е се детално уредено. Вистински робови се во трката со времето и не дозволуваат некој да има влијание на нив. Секогаш се свесни за себе и своите задачи.

Квалитетите им се смиреност, хуманост и точност.

Мани: ситничарење, кукавичност и аморалност.

Постојана работа и беспрекорна организација со избегнување на ризик – тоа е главната мисла на луѓето родени во знак на Девица.

Заболуваат од болести на желудникот и цревата, а и од вртоглавици.

Ним нема да им биде тешко да најдат работа, бидејќи нивниот талент за логично размислување и остра проникливост допринесуваат кон тоа лесно да одберат поволна прилика. Недоверливи се кон новите идеи или проекти кои во себе имаат некаков ризик. Тие најдобро работат под водство на некое друго лице, бидејќи дури така можат нивните работни способности да дојдат до најголем израз. Нивниот успех не се огледува толку во финансискиот просперитер, туку повеќе во стекнување слава и чест. Со нивните пронајдоци и идеи во повеќето случаи ќе се служат други; меѓутоа, луѓето од овој знак не се разочарани со тоа, бидејќи тие се задоволни со својата работа и тоа им е сосема доволно.

Професии во кои тие можат да постигнат успех се: издавачка дејност, припрема и публикација на ракопис, воспитувачка работа. Вистински успех тие ќе стекнат дури во постари години и тоа благодарејќи на својот талент да проучуваат луѓе, да ги класификуваат по важност и вид. Тие точно ќе знаат кој може, а кој не може да им помогне. Математика или некоја област од уметноста се исто така области на кои можат да постигнат натпросечен успех. Склони се да дозволат потполно да ги окупираат работните проблеми и грижи и тогаш го занемаруваат друштвениот живот, па на некој начин се изолираат од околината.

Среќни броеви: пет, четири, осум.

Поволни денови: недела, ворник, сабота.

Омилена боја: сина.

Во знакот Девица од познатите личности родени се: Ришељ, Гете, Шатобријан, Пол Бурже.

Основни карактеристики на хороскопските знаци