Денес во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа последната од трибините „На прав пат“ организирани од СДСМ. На трибината се обратија претседателот на партијата Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Петре Шилегов.
Ви ги пренесуваме клучните пораки и ветувања до граѓаните:
На следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување. Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок, рече Зоран Заев.
За прво правило, Заев им го порача – да зборуваме за успесите во економијата, економијата за нас е на прво место, затоа што имаме многу испорачано во изминатите 2,5 години, затоа што за 2.5 години направивме многу повеќе отколку претходните 11 години.
Како второ правило – постојано да потсетуваме на злоделата на ВМРО-ДПМНЕ им порача на присутните, Заев.
Ние ја вративме нашата земја повторно на мапата на светот. Ни оддадоа признание дека Северна Македонија е блескав пример. Ние сме шампиони во енергетските реформи. А тие – Најбогата партија во Европа! Шампиони по заробување на државата! Ние собираме признанија за државата, остваруваме стратешки цели, повисоки плати, пад на невработеност, а тие имотни листови од парцели и деловни простории. И пак се во долгови и во банкрот, рече Заев.
Да се договориме дека секој член на СДСМ, секој од нас, до изборите, ќе почитува и ќе промовира меѓу своите другарки и другари во партијата, овие принципи, за сигурна победа на СДСМ, порача Заев.
Во врска со ветингот на високите функционери, Заев ги повика уште од утре Антикорупциската комисија, УЈП, Финансиската полиција, МВР да го провереле потеклото на имот на сите судии, обвинители, адвокати и извршители.
Додека сите се радуваат и честитаат, во ВМРО-ДПМНЕ не само што молчат, туку и се противат на нашето членство во НАТО.- истакна Шекеринска.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат плата од Република Северна Македонија и тогаш тоа не им пречи. Не им пречи ниту кога во ЕПП пред партијата стои уставното име на државата. Ама им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО, им пречи тогаш кога ја обезбедуваме иднината, границите и стабилноста преку членство на Алијансата. –посочи Шекеринска.
Скопје повторно се отвори.
Нашиот град го посетија , за само две години, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Туск, Ангела Меркел, Тереза Меј, десетици премиери, МНР и МО на најмоќните и најпросперитетните, рече Шекеринска.
Нашата земја, Северна Македонија – 30та земја членка на НАТО. Нашите заеднички денови по улиците и плоштадите на Скопје, тепањето, малтретирањето… лагите, пропагандата против сите нас со државни пари… постојаното оцрнување, па и крвта на 27 април… сето тоа денес избледе. Вредеше и тоа да се истрпи, и тоа да се преживее – за да можеме да кажеме дека напишавме историја!
Градоначалник на Град Скопје најави дека Скопје наскоро ќе добие нова Универзална сала.
Изградбата на Универзалната сала ќе започне веднаш после Нова година.
Со поддршка на Владата ја започнавме процедурата за обезбедување на средства за изградба на Траклес трам. Овој систем подразбира воведување на нова технологија неколкукратно побрза од постоечкиот јавен транспорт, истакна Шилегов.
Нарачавме 33 квалитетни, нископодни, единечни и дводелни еко-автобуси на гас, кои веќе од февруари следната година ќе почнеме да ги гледаме еден по еден на скопските улици, нагласи Шилегов.
За само 2 години преземавме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето на краток, среден и долг рок.-истакна Шилегов.
Во таа насока е и формирање на ГЕС кој работи на преземање на топловодната мрежа паралелно со процесот на гасификацијата. Ова ќе значи повеќе корисници поврзани на парно греење, повеќе корисници на греење на природен гас, а помалку активни оџаци во градот.-истакна Шилегов.
Истовремено, сериозно се засилени инспекциите и зголемување на бројот на казните за загадувачите и тоа сите го гледаат и тоа сите го знаат, рече Шилегов.