Покрај стандардно лошото справување со пандемијата, власта економијата имаше дебакл на меѓународен план и една трговија со главните атрибути на еден народ, на една нација и на држава. Заев ги загуби сите преговарачки позиции со Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрристијан Мицкоски во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија.
Мицкоски истакна дека ова сега се последиците поради погрешните политики на Заев, бидејќи опозицијата уште на самиот почеток го предупредуваше дека вакви циркус, акробатски политики не треба да се водат.
Тој нагласи дека еднаш кога ќе ја изгубите преговарачката позиција, особено кога преговарате со поголеми и помоќен, тогаш не треба да очекувате дека додека сте на масата за преговори ќе ја повратите.
– Затоа досега во овие 30 години ниту еден политичар не се дрзнал да го направи тоа то го направи зоран Заев, затоа што знаел дека на тој начин практично ги урива сите преговарачки позиции градени изминатите години и децении. На онаа втора средба во Клубот на пратеници кога тој велеше дека е спремен да води за Илинденска Македонија, го предупредивив на самата средба, но и надвор, немој да ги напушташт преговарачките позиции, ова е прв чекор кон тоа некој да прифати промена на Устав и ерга омнес. Затоа што следното ќе биде стапот, морковот кога ќе го земат ќе биде стапот. И тоа се случи. Сега кога вие ќе ја отворите малку Пандорината кутија што мислтие со останатите соседи, вели Мицкоски.
Мицкоски додаде дека треба да се има предвид дека и другите соседи ќе сакаат уште повеќе да се отвори Пандорината кутија, имајќи предвид што зборувал Заев кога бил опозиционер во неговите лични контакти со тие политичари.
Во чие име Заев договарал за бизниси со Бугарија, со тој мираз ли треба да одиме напред
Ниту еден политичар не се дрзна да го направи тоа што го направи Зоран Заев затоа што знаел дека на тој начин практично ги урива сите преговарачки позиции создавани изминатите години.
Мицкоски, праша во чие име Зоран Заев уште во опозиција договорал бизнис со Бугарија, односно како што рече тој зошто политичарите да разговараат за банки, телевизии, оптички кабли, рудници, додавајќи дали тоа е миразот кој што треба да го дадеме за да одиме напред како земја.
Зошто ние сега политичарите да разговараме за банки, за телекоми, за оптички кабли, за рудници, за телевизии итн. Кои сме ние за тоа да разговараме, ние не сме бизнисмени па за тоа да разговараме. Ние можеме да разговараме за тие теми со бизнисмени, не можеме ние со политичарите и тој дел од тие преговори, тој мираз што треба ние да го дадеме, на страна политичкиот момент, праша Мицкоски.
Како може вие да ветувате нешто што не е ваша своевина за тоа зборувам, како приватна телевизија како банка како рудник итн, додаде Мицкоски.