Мицкоски: Нема да почитуваме ниту една реченица од парчето хартија што ќе го потпишат Заев и Бучковски

Сакам да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед, изјави на синоќешниот протест за оставка на Заев, слобода на народот во Куманово, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна Мицкоски, отприлика за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев и тој човек не знам дали ќе успее во овие седум дена во период кој што следи секако ќе се обиде да земе дел од срамот кој што ќе биде нанесен врз македонскиот народ.

Го предупреди македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара, а како што рече тој, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.

“Нема ниту една реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција, обичаи да ги почитува”, порача Мицкоски.